САД го блокираа „дилот“ на Дојче Телеком
1 септември 2011Американските корисници на мобилни телефони ни денес немаат голем избор понудувачи, можат да одберат меѓу вкупно четири. Ако АТ&Т го преземе Т-Мобиле, ќе бидат уште помалку.
Дали тогаш преостанатите фирми ќе мораат да се натпреваруваат доволно за да ја стекнат наклонетоста на купувачите? Американското министерство за правда се сомнева во тоа:
„Министерството е против спојувањето на АТ&Т и Т-Мобиле. Ние сметаме дека тоа за милиони потрошувачи ќе значи повисоки цени, помал избор на понудувачи и полош квалитет на производите“, вели Џејмс Кол, заменик-министер за правда на САД.
За Дојче Телеком блокадата на продажбата е тежок удар. Концернот радо би се простил од својата фирма Т-Мобиле САД, која има големи проблеми.
Сепак, конфликотот не дефинитивно решен, Телеком се‘ уште може да се жали пред суд.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!
Автор: Филип Билски/ Жана Ацеска
Редактор: Борис Георгиевски