САД ги поддржуваат евро-атланските интеграции на Македонија
17 октомври 2013Американскиот Стејт департмент, по објавувањето на извештаите на Европската комисија за напредокот на балканските земји, соопшти дека Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува евро-атланските интеграции на Македонија и другите земји кандидатки.
- САД остануваат посветени на поддршката на земјите кои имаат евро-атлански аспирации. Со задоволство го чекаме денот кога овие земји целосно ќе се интегрираат во европските институции, што пак ќе ги продлабочи и нашите односи и партнерство со нив. Задоволни сме што Европската комисија заклучи дека апсирантите за членство во ЕУ постигнале добар напредок во интеграциите, изјавија во Стејт департментот на прашањето на МИА за реакција по објавувањето на извештајот за Македонија.
Во Стејт департментот вечат дека нема да коментираат за деталите на извештаите за напредокот на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и другите земји кандидатки и аспирантки за членство.