1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД во шок по атентатот од Аурора

АТ/ дапд/ дпа/ афп21 јули 2012

Крвопролевањето за време на премиерата на „Бетмен“ длабоко ги потресе САД. Американскиот претседател Барак Обама, во знак на жалост, нареди знамињата да се симнат на половина копје и ја прекина изборната кампања.

https://p.dw.com/p/15cgV
Фотографија: Reuters

Американскиот претседател Барак Обама изрази шокираност по самоубиствениот напад во сојузната држава Колорадо. Тој и неговата сопруга Мишел Обама се шокирани по ова „страшно и трагично“ дело. Владата ќе стори се’, и ќе им пружи поддршка на луѓето во Аурора.

Обама и Ромни ја прекинаа изборната кампања

Обама ја прекина неговата изборна кампања и од Флорида се врати во Вашингтон. Крвопролевањето е „бесмислено“ и „лошо“, вели претседателот. Во тагата по жртвите сите граѓани се „обединети како едно американско семејство“. И неговиoт предизвикувач на претседателските избори во ноември, Мит Ромни, исто така ги откажа предизборните активности.

Denver Attentat
Неверување и шокираностФотографија: dapd

Двајцата политичари засега ќе се откажат да емитуваат изборни спотови во Колорадо. Обама нареди американските знамиња да се симнат на половина копје, пред сите јавни институции, дипломатски претставништва и воените бази до 25 јули.

Во нападот во кино салата во Аурорa загинаа 12 луѓа, а 59 се повредени, соопшти полицијата. Осомничениот сторител си купил кино карта и влегол во киното како посетител на филмската проекција. Веднаш на почетокот облекол елек за заштита од куршуми и почнал да пука кон луѓето. Полицијата подоцна соопшти дека и неговиот стан бил полн со експлозивни стапици и дека на експерите ќе им биде потребно време да ги декативираат. Околу неговиот стан се евакуирани уште пет куќи.

Осомничениот сторител - студент по неврологија

Истражните органи се сигурни дека осомничениот 24-годишен студент по неврологија на универзитетот Колорадо во Аурора немал помагачи, изјави шефот на локалната полиција Ден Оутс. Во меѓувреме се шпекулира околу мотивот на осомничениот сторител. Младиот човек, кој е идентнификуван како Џејмс Х., ја исфарбал косата црвена и самиот се нарекувал Џокер - како лошиот лик во филмовите на „Бетмен“, изјави шефот на полицијата на Њујорк, Рејмонд Кели.

Denver Attentat
Кино салата во АурораФотографија: Reuters

Гувернерот од Колорадо Џон Хикенлупер изјави дека станува збор за дело на „растроено лице“. Полицијата досега наводно го регистрирала само еднаш, поради пребрзо возење.

Премиерата на „Бетмен“ во Париз откажана

Студиото Вернер Брос вчера (20.07) ја откажа премиерата на филмот во Париз. Студиото ги откажа и интервјуата со актерите. „Вернер Брос и авторите на филмот длабоко жалат за овој шокирачки инцидент“, се вели во соопштението на филмското студио.