САД бараат Русија да го предупреди Иран
14 март 2012Американската државна секретарка Хилари Клинтон тоа го побарала на средбата со нејзиниот руски колега Сергеј Лавров, кога нагласила дека разговорите меѓу иран и светските сили е последна шанса да се реши кризата. САД бараат Русија да ја пренесе пораката, затоа што немаат дипломатски односи со Исламската Република, стои во написот на „Комерсант“. Датумот и местото на разговорите со Иран не е прецизиран.
Весникот открива детали од разговорите што се случија во понеделникот, по состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на Сирија. Во текстот се забележува дека според руските дипломати во ОН овде „станува збор кога, а не дали“ Израел ќе го нападне Иран.
Темата Иран е една од првите за кои ќе се разговара на денешната средба меѓу американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон во Белата Куќа. Се очекува двајцата политичари да ратзгледаат мерки за притисок врз Иран за откажување од нуклеарната програма, со што би се спречил и израелскиот воен напад. И Обама и Камерон во писмена изјава забележаа дека веруваат „оти има и време, а постои и простор да се најде дипломатско решение“.
Автор: Александар Методијев /БГ/афп/ап
Редактор: Симе Недевски