1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД бараат решение за името што побргу

23 април 2009

САД повикуваат на постигнување компромис за заедничко прифатливо име, изјави во американскиот Конгрес, американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон.

https://p.dw.com/p/Hcgg
Хилари КлинтонФотографија: AP

Министерката Хилари Клинтон посочила дека Грција е близок сојузник на САД, со кој Вашингтон соработува за повеќе важни регионални прашања. Оваа нејзина оценка доби значителен публицитет во вестите на македонските новински агенции, но и во раните утрински вести на електронските медиуми. Американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер, денеска напладне (23.04.2009) изјави: „Вашите лидери треба да работат на решение на спорот. САД се надеваат да видат поскоро решение на тој проблем, со што Македонија ќе биде во позиција да напредува во процесот на интеграција кон НАТО.“

Вашингтон бара забрзување

Овие изјави од врвот на администрацијата на Обама се директна порака до властите во Скопје да се забрза процесот за постигнување компромис во грчко-македонскиот спор и дека е очигледно оти владата на Груевски ќе биде таа, која ќе мора да покаже поголема флексибилност, оценува професорот Мирјана Малевска: „Разумен или фер компромис може да постигнат евентуално страни кои се слични по својата политичка тежина. Македонија и Грција не се во таква позиција. Значи, од таа гледна точка, секогаш послабата страна гледа да привлече за својата кауза други големи сили“, оценува Малевска.

Што е фер компромис?

Во Македонија веќе се оформува заедничка позиција на власта и опозицијата за фер компромис и референдум. Но, како да се формулира фер компромис? Еве ја дефиницијата на Институтот за демократија, кој веќе испрати свој извештај за спорот до сите странски амбасади, но и до грчкиот институт ЕЛАМЕД, близок до грчката министерка Дора Бакојани. „Наместо географска одредница која би имплицирала промени и во идентитетот, да побараме политичка одредница која би стоела пред името“, изјави Владимир Мисев, директор на Институтот за демократија.


Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска