САД бараат од Мушараф да се откаже од функцијата шеф на армијата
8 ноември 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш при телефонски разговор побара од претседателот на Пакистан Первез Мушарав, што е можно поскоро да се укине вонредната состојба во земјата и да се оддржат планираните парламентарни избори. Буш од генералот побара и да се повлече од функцијата шеф на армијата. Во меѓувреме опозиционата политичарка и поранешен премиер на Пакистан Беназир Буто, и покрај забраната за утре најави масовни протести.