САД бараат Кина да ги ослободи демонстрантите од Тјенанмен
4 јуни 2012Реклама
САД денеска ја повикаа Кина да ги ослободи сите затвореници уапсени поради учество во продемократските демонстрации од пред 23 години. Овој повик се совпадна со годишнината од задушувањето на протестите на централниот плоштад Тјенанмен во Пекинг. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер го повика Пекинг да ја каже целата вистина за убиените, приведените и исчезнатите и да ги прекине континуираните репресии врз демонстрантите и нивните семејства.
Кинеската армија, на 4 јуни 1989-та година, ги растури продемократските демонстранти, употребувајќи тенкови и боева муниција. Нема официјални податоци за жртвите, но оценките варираат од стотици до над илјада убиени, околу 10.000 повредени и илјадници приведени.