1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руското стопанство доживува невиден бум

Ерик Албрехт6 јуни 2008

Русија годинава бележи стопански пораст од 8,1 процент. Експертите на меѓународниот монетарен фонд предупредија од проблеми на ваквиот економски бум. Во големите градови има недостаток на работна сила

https://p.dw.com/p/EE7y
Руски пазар во Санкт ПетерсбургФотографија: picture-alliance/ dpa

Вилушкарите во магацинот на шпедицијата, што се наоѓа во предградие на крајот од градот, постојано се во движење. Германската логистичка фирма Ривајвал Експрес за време на рускиот стопански бум мораше да одбие некои барања на клиенти, поради тоа што имаа preмногу работа. Клиенти, пред се од автомобилската бранша, придонесоа бизнисот на фирмата минатата година да порасне за 40 проценти. Логистичката бранша во Русија профитира многу добро од очекуваните 8,1 проценти стопански пораст во земјата. Меѓутоа, експанзијата на рускиот пазар станува се повеќе голем предизвик.

93 проценти од претпријатијата сакаат да вработат нов персонал

Moskau Kreml und Hotel Rossiya
Москва-Палатата КремељФотографија: AP

А, веќе сега во големите градови нема воопшто невработеност. Две третини од вкупниот број регистрирани претпријатија имаат проблеми да најдат соодветни работници за нивната фирма. И во Ривајвал Експрес недостасуваат соработници за ново изградениот магаcин, вели директорот на фирмата Олаф Метцгер:

„Тоа, секако ни создава грижи. Но тое е и показател за тоа дека ние како фирма во Русија можеме уште многу да растеме. Освен тоа можеме да наполниме 35.000 квадратни метри со клиенти, кои во принцип веќе ги имаме. Единствено што не попречува е тоа што немаме доволно работници за работа во магацинот.„

Да се најде соодветен персонал станува се повеќе рецепт за успех на рускиот пазар

Рестораните, синџирите за брза храна и други бранши во Москва на големи билбоrди и реклами во метро станиците се борат за нови работници. Недостатокот на работна сила на повеќето луѓе им донесе зголемување на месечните плати. Така, еден обичен работник денес заработува една третина повеќе отколку во минатата година. Дури, и ако се земе во предвид инфлацијата остануваат 12 проценти повеќе заработувачка. Додека во Западна Европа повеќето луѓе се колебаат дали да го откажат нивното сигурно работно место, во Москва токму млади академци најчесто даваат отказ. На младата компјутерска менаџерка Маша Романовскаја одеднаш двојно и се зголеми платат, а сега ја троши по московските бутици:

„Доколку ја задржиш истата работа , никој нема да ти ја зголеми платата. Но, доколку ја смениш работата, тогаш се разбира поставуваш услови, а работодавачот ќе ти ги исполни доколку сака да те вработи. „

Рускиот конзум неодамна порасна за 16,5 проценти

Deutschland Russland Dmitri Medwedew in Berlin Ankunft
Стопанската политика ќе биде најголем предизвик за новиот руски претседател Дмитри МедведевФотографија: AP

Како последица на зголемувањето на платите рускиот конзум неодамна порасна толку брзо како никогаш досега и тоа во рок од една година за 16,5 проценти. Луксузна облека, автомобили на кредит и одмор во Турција, Египет или во некоја од западните земји станаат стандард во животниот стил на новата руска средна класа. Иако експертите во изминативе два месеци бележат мало назадување на потрошувачка кај руското население, сепак поголемиот број од народот радо ги трошат нивните пари.