Руската армија помага во чистење на излеаната нафта
13 ноември 2007Реклама
Руските власти денеска испратија 500 војници да помогнат во чистењето на 2000 тони нафта кои се излееа во Карчинскиот теснец, откако во неделата таму заринкаа три брода и еден танкер. Досега е регистриран помор на 30.000 морски птици, а властите предупредуваат од голема еколошка катастрофа. Во големото невреме од неделата кое беше причина за бродските несреќи се удавија најмалку тројца морнари, а 20 сеуште се сметаат за исчезнати.