Русија тестираше моќна бома
12 септември 2007Реклама
Русија изврши тест на најсилната вакум бомба во светот, чие дејство е речиси еднакво на нуклеарните. Станува збор за конвенционална бомба со силина на атомска, која меѓутоа не ја контаминира околината, порача портпарол на руската армија. Според информацијата на ТВ станицата ОРТ, која емитуваше и слики од тестот, моќта на бомбата почива врз надзвучниот бран и огромната температура што се развива по експлозијата. Руската армија, која експлозивот го нарече „татко на сите бомби„ , нагласи дека со овој тест не се крши ниту еден меѓународен договор.