Русија – САД – ИСС
30 април 2007Реклама
Русија на САД ќе им испорача повеќе транспортни средства за Меѓународната вселенска станица ИСС до 2011 година. Вредноста на договорот, според руските вселенски власти изнесува милијарда долари. Ова е првпат да се реализира ваков договор. Сепак, Американците ја отфрлија понудата на Москва заеднички да се соработува и во истражувањето на месечината. Американските вселенски власти во декември најавија дека имаат намера до 2020 година да создадат мала колонија астронаути на јужниот пол на месечината.