Русија – протести во Санкт Петерсбург
15 април 2007Реклама
Во рускиот град Санкт Петерсбург полицијата уапси повеќемина луѓе, кои сакаа да учествуваат на демонстрација против владата, која не била одобрена од властите. Меѓу уапсените привремено беше и дописник на Првата програма на германската телевизија. И покрај апсењата, сепак се собраа околу две ипол илјади демонстранти, опкружени од стотици полицајци во борбена опрема. Полицајците со палку ги нападнаа демонстрантите.
Вчера на слични протести на опозициониот сојуз “Поинаква Русија” во Москва беа уапсени околу 170 лица, меѓу нив поранешниот светски првак во шах Гари Каспаров. По повеќечасовен притвор тој беше ослободен.