1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија -официјално членка на Светската Трговска Организација

СН/АМ/ртр/дпа/миа22 август 2012

По 18 години компликувани преговори денеска и официјално стапи во сила протоколот за приклучување на Русија во Светската Трговска Организаја. Земјата со тоа стана 156-та полноправна членка на СТО.

https://p.dw.com/p/15uMN

Европската Унија и Германија го поздравија пристапувањето на Русија во полноправно членство на Светската Трговска Организација. Германскиот министер за економија Филип Реслер изјави дека Германија отсекогаш го поддржувала настојувањето на Русија да стане членка на СТО. Русија е еден од најважните трговски партнери на Германија, истакна Реслер.

Во самата Русија меѓутоа членството во СТО е спорно. Бројни претпријатија стравуваат дека нивната работа ќе страда поради пристапувањето во Светската Трговска Организација, зашто предуслов за членството се пониски царини за увоз и намалување на субвенциите. Поддржувачите пак се надеваат дека на долг рок , членството во СТО ќе придонесе за стопански полет и оти ќе ја зајакне довербата на странските инвеститори.

Најочигледна полза од влезот во СТО ќе извлечат потрошувачите, чиј животни трошоци ќе бидат намалени поради ублажената царинска бариера. Како резултат на влезот ќе поефтинат не само готовите увозни производи и услуги, туку и домашното производство во кое се користат увозни компоненти.
Кај руските произведувачи придобивка од влезот на Русија во СТО најпрво ќе почувствуваат извозно ориентираните претпријатија, пред се во секторите на металургијата, хемиската индустрија и енергетиката, благодарение на укинувањето на бариерата за пристап на руската стока до пазарите на членките на таа трговска организација, која како што се проценува, им предизвикаа на руските компании штети поголеми од две милјарди долари.

Duma Russland Ratifizierung Eintritt in WTO Proteste
Во Русија има и противници на членството во СТОФотографија: REUTERS

Членството во СТО налага многу обврски, го оневозможува зголемување на увозни царини без никакви критериуми, но и обезбедува инструмент за заштита на интересите на руските компании на пазарите на трети земји

Прописите и принципите на СТО, меѓутоа, и натаму нема да се применуваат во трговијата меѓу Руската Федерација и САД, се додека е во сила таканаречениот Џексон-Веников амандман,што американскиот конгрес и покрај повеќето иницијативи не успеа да го укине.
Џексон-Вениковиот амандман, наречен по конгресмените кои во 1974 година го воведоа, го забранува давањето погодности во трговијата со земјите кои на своите граѓани им го ограничуваат правото на емиграција. Амандамнот на законот за трговија на САД е усвоен специјално против СССР, кој престана да постои во 1991 година, и е во спротивност со прописите на СТО, потсетуваат руските медиуми.