Русија – КСЕ
4 мај 2007Реклама
Русија веќе нема да го информира НАТО за движењето на силите на нејзина територија поради најавеното замрзнување на договорот за конвенционално оружје – КСЕ. Вице-премиерот Сергеј Иванов изјави дека земјата прогласила мораториум на договорот и дека тој ќе трае се‘ дотогаш додека државите на НАТО не го ратификуваат истиот. Со КСЕ договорот е определена горната граница на тенкови, артилерија и авиони што една европска земја може да ги поседува. Поради руското воено присуство во Грузија и Молдавија, државите на НАТО сеуште не го ратификувале договорот.