Русија и Еквадор преговараат околу Сноуден
29 јуни 2013Државната телевизија Росија 24 објави дека властите на Еквадор, до кои Едвард Сноуден достави барање за азил, преговараат со Русија околу судбината на 30-годишниот бивш соработник на тајните служби во САД. Еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патињо лично се вклучил во разговорите.
Но, Еквадор инсистира - Сноуден мора да биде на територијата на земјата за да може да му биде признат статус на бегалец. Експертите сметаат оти тоа може да биде и еквадорската амбасада во Москва. За таа цел меѓутоа, американскиот државјанин, кој од неделата се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, треба да премине преку руската граница, а службите на САД го анулираа неговиот пасош. Вашингтон бара од Москва да го израчи „предавникот“, кој стигна преку Хонгконг.
Рускиот политичар Алексеј Пучков случајот Сноуден го нарече - трагичен. Сноуден „како идеалист очигледно сонувал за триумф на демократијата“ по неговото откритие дека американските тајни служби вршат масовно прислушкување и надгледување на телефонските и интернет комуникациите, пишува шефот на Комисијата на Думата за надворешни работи на Твитер.
„Но, животот и САД се посурови од холивудските филмови“, заклучува Пучков.