Рупел и Милбанд за Западниот Балкан
13 ноември 2007Реклама
Шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел се заложил за олеснување на евроинтегративниот процес на Македонија, кој треба да почне со покана за членство во НАТО. Ова стои во соопштението од кабинетот на министерот по неговата средба во Лондон со британскиот колега Дејвид Милбанд. Двајцата пред се разговарале за прашања поврзани со Западниот Балкан. Во однос на Косово заклучено е дека ЕУ треба да настапи со едногласен став како и дека на Србија треба да и се гарантира побрза европска перспектива. Рупел изразил и загриженост за политичкиот застој во Босна и Херцеговина.