1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рупел во Скопје

Александар Чомовски 1 февруари 2008

Македонските власти под притисок за компромис во спорот со Грција за уставнотот име. Словенечкиот шеф дипломат Рупел, кој во Скопје ќе разговара со државниот врв, смета дека проблемот треба да се реши уште овој месец.

https://p.dw.com/p/D0lA
Словенечкиот министер за надворешни работи Рупел доаѓа во СкопјеФотографија: AP
Македонија нема други проблеми во исполнувањето на НАТО критериумите освен името. Тоа може да ја оптовари нејзината евроатланска интеграција, изјави Димитриј Рупел. Наближуваат судбоносни одлуки и мислам дека треба да се побрза при решавањето на проблемот со името, зошто Грција има поголем маневарски простор со правото на вето, смета Рупел. Словенечкиот министер за надворешни работи Рупел денеска во Скопје ќе има средби со македонските власти.