1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рупел бара флексибилност од Македонија и Грција

Горан Петрески 28 март 2008

Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска ќе се соберат во Брдо на дводневна конференција на којашто ќе бидат разгледани проблемите. Во пресрет на самитот, словенечкиот шеф дипломат бара флексибилност од двете страни.

https://p.dw.com/p/DWRp
Дмитриј РупелФотографија: picture-alliance/ dpa

Домаќинот на самитот на ЕУ, што денеска и утре се оддржува во Словенија, словенечкиот министер за надворешни работи Дмитриј Рупел бара флексибилност од Македонија и од Грција со цел да се надмине спорот за името и НАТО да добие три нови членки.

Прашан за оценка на најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц и шансите за компромис, шефот на словенечката дипломатија Рупел, бара флексибилност од двете страни во спорот. „ Не сум преговарачка страна, така што е многу тешко да судам. Она што им го советувам на моите пријатели во Скопје е да бидат што е можно пофлексибилни. Истото го барам и од Грците. Некои македонски политичари ме прашаа како да им ја објасниме промената на името на гласачите, а јас им одговорив, а како ќе им објасните на вашите гласачи, ако не влезете во НАТО. Тоа дури и потешко ќе им го објасните. “ рече Рупел.

„Македонија се соочува со историска шанса или како што се вели се наоѓа пред отворена врата низ која треба да мине. Знам не е лесно. Треба малку енергија и флексибилност но верувајте тешко им е и на Грците. Затоа препорачуваме флексибилност и компромис.“ дополни Рупел.

Во пресрет на Букурешт, спорото за името и последните обиди за решени ги фрлаат во сенка разговорите за клучните задачи што Македонија треба да ги исполни за да добие датум за преговори за членство во ЕУ.