1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромни ја обезбеди републиканската кандидатура

БГ/миа30 мај 2012

Мит Ромни и дефинитивно ќе му биде противкандидат на Барак Обама на претседателските избори во САД закажани за ноември годинава.

https://p.dw.com/p/154GI
Фотографија: Reuters

Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни победи на вчерашните републикански прелиминарни избори во американската сојузна држава Тексас, со што обезбеди доволно гласови за да биде кандидат на републиканците за претседател на САД.

Ромни освои 71 проценти од гласовите и ги доби 93-те делагати од Тексас на Републиканската националната конвенција, што ќе се одржи од 27 до 30 август.

Со победата во Тексас, Ромни освои повеќе од неопходните 1.144 делегати на Републиканската националната конвенција за да биде и официјално избран за претседателски кандидат на конзервативната партија.

Во победничкиот говор по објавувањето на резултатите, Ромни изјави дека е загрижен за состојбата на американската економија и упати критики кон преседателот на САД, и негов противкандидат на изборите во ноември, Барак Обама.

Ромни, кој е бизнисмен, обезбеди најмногу средства за својата кампања од сите републикански претенденти за претседателската кандидатура, кои го обвинија дека со парите со кои располага може единствено да се мери само со демократскиот кандидат за претседател Обама.