1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромите во Македонија

Естер Бродерс и Горан Чутаноски5 март 2007

Ромите во Македонија имаат големи политички и културни права. Македонија важи за земја во која ова малцинство има дури најголеми права во споредба со ситуацијата во другите европски земји. Но, животот на Ромите ни таму не е розов и во секојдневниот живот се изложени на разни видови маргинализација. Естер Бродерс неодамна престојуваше во Македонија и меѓу другото се позанимава и со нивната положба во опште

https://p.dw.com/p/AdZ7
Ромски деца
Ромски децаФотографија: AP

ството.

Гужва е на пазарот во Шуто Оризари, дел од главниот македонски град, каде живеат Ромите. Овде имаат можност на големиот пазар да ја продаваат стоката со која тргуваат, најчесто ефтина облека со потекло од странство. Овој пазар е за повеќето Роми во Шуто Оризари единтсвениот извор на приходи, раскажува Реџеп Реџеп, кој недалеку од тезгите има менувачница:

“Овој народ живее од трошки, што им ги остава владата. Од околу 30.000 жители на Шуто Оризари најмногу 100 имаат постојано работно место. Сите други преживуваат од пазарот, каде ефтино продаваат облека и слична стока. При тоа владата замижува на едно око и не бара од нив даноци. Пораката гласи: овде можете да си ги терате вашите бизниси, ама повеќе од нас не барајте.“

Реџеп звучи огорчено, иако признава дека Шуто Оризари е најголемата населба на Ромите во целиот свет, каде тие имаат право на комунална самопурава. Тој лично успеал да се пробие во животот така што работел три години во Германија и по враќањето од заштедата отворил менувачница и почнал нов живот.

Сосема поинаква е ситуацијата на семејството Имеровски. Таткото Бајрам бил азилант во Германија на почетокот на 90-тите години. Потоа дошла иницијативата на германската покраина Северна Рајна Вестфалија за враќање на Ромите во Македонија. При тоа добиле ветување дека ќе добијат станови и дека во секое семејство барем еден од возрасните ќе добие и вработување.

“Владата склучи договор со Северна Рајна Вестфалија, во кој стоеше дека барем еден член од семејството ќе добие работа во Македонија. Ние сме четворица и барем еден треба да работи, инаку не можеме да преживееме. Но, ниту јас добив работа, ниту мојата сопруга и така сме на товар на саоцијалните каси во Македонија. А од нив добиваме само 1.700 денари месечно, тоа се околу 30 евра.“

Барјам Имеровски се обидува да се снајде и се занимава со собирање стари износени чевли, кои ги поправа и потоа го продава по ниски цени. Така каква што е положбата на Бајрам, таква е и на мноштвото граѓани на Шуто Оризари – тие одвај преживуваат.

Ромите во Македонија изнесуваат околу 2,5% од вкупното население и претставуваат само мало малцинство покрај Албанците, Турците, Србите, Бошњаците и Власите. Пеачката Есма Реџепова е припадник на ромското малцинство и еден вид “фирма“ на македонските Роми дури во целиот свет. Таа е амбасадор на ромската кауза во светот.

Есма Реџепова веќе одамна не живее во Шуто Оризари и уверена е дека нејзините сонародници се жалат всушност на високо ниво:

„Сакам да нагласам дека на Ромското население во Македонија му е добро во споредба со другите земји. Многу патувампо другите земји и затоа можам да споредувам. Јас сум и претставник во Парламентот на Светската организација на РОмите и таму дознавам што се случува во светот. Знам едека на РОмите во другите земји им е полошо. Другите велат: вие во Македонија можете да бидете среќни, бидејќи имате многу голема демократија.„

Македонија е првата земја која ги признала Ромите во сопствениот устав. Имаат можност да го зборуваат ромскиот јазик, имаат право и на програма на ромски јазик во државните медиуми. Сепак ваквите позитивни елементи не треба да залажуваат, предупредува Сашо Клековски од невладината организација Македонски центар за меѓународна соработка:

“Она што е добро, тоа е што Ромите имаат самоуправа, свој градначалник, двајца пратеници во Парламентот и има и две приватни ТВ станици на Ромите. Во одделни подрачја има голем напредок, во други не. На пример во образованието: во Шуто Оризари цели 15% од младите немаат никакво образование. Процентот ромски деца кои одат на студии изнесува 0,3 насто. Со вакви бројки не може да се подобри животниот стандард на ромската заедница.“

Всушност овие бројки би требало постојано да се подобруваат. Во Охридскиот договор со кој беше надминат конфликтот во 2001-та годиан стои дека мулти етничката структура на општеството треба да се огледа и во јавната управа. За Ромите има обезбедено одредени квоти на вработување, појаснува Директорот на новата Служба за заштита од катастрофи при Македонското Министерство за внатрешни работи Панде Лазаревски:

“Овде имаме вкупно 14 работни места за Роми. Едно од нив е веќе пополнето и особено водиме сметка работните места да не се сите од најнизок ранг. Значи од 13-те места седум до осум треба да бидат за лица со високо образование. Затоа контактираме со организациите на Ромите, кои се трудат околу подобрувањето на нивното образовно ниво.“

Оваа задача е огромна и сигурно ќе трае со години. За 14-годишниот син на Бајрам Имеровски тие ќе дојдат предоцна. По осум години основно опбразование во училиштето во Шуто Оризари, тој седи дома. Наместо да се школува понатаму, тој треба да му помага на татко му во поправањето на износени чевли и нивно продавање на пазарот во Шуто Оризари.