1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Романија доби нова влада

ЖА/дпа/афп/ртре/миа22 декември 2012

Поголем парламент, поголема влада - во Романија почнува нов мандат на премиерот Виктор Понта. Тој најави реформи, а една од нив се однесува на неговиот противник, претседателот Трајан Басеску.

https://p.dw.com/p/177wX
Фотографија: dapd

Во Романија е изгласана нова влада на Виктор Понта, за која „за“ гласаа 402 пратеници, додека 120 беа против.

Владата ќе положи заклетва пред претседателот на државата, кој во повеќе наврати се изјасни против премиерот Понта.

Првата влада на Виктор Понта, од 7. мај, и оваа вторава, која е резултат на парламентарните избори одржани на 9. декември, се единствени влади од 2004 година, во чие формирање не учествуваше претседателот Трајан Басеску.

Понта нагласи дека ова е „крај на политичкиот свет на омразата, раздорот, сиромаштијата, кражбите на јавни пари“ и оти почнува нов начин на владеење, свртен кон сите Романци.

Понта предлага измена на Уставот за јасно да се дефинираат овластувањата на претседателот на државата, владата и парламентот, со цел повеќе „да не зависи се‘ од еден човек“.

Во план е децентрализација на Романија на осум региони со поголеми овластувања, а проблемите на граѓаните да се решаваат локално.

Понта најавува и структурни реформи во областа на енергетиката, земјоделството, државните компании, како и борба против „екстремната сиромаштија“, спроведување на социјална правда и солидарност.

Меѓу приоритетите на новата влада е создавање работни места, големи проекти во областа на инфраструктурата, коректна и ефикасна фискалоност и користење на европските фондови, кои досега ретко се користеа, објави РТС.

Се најавува подобра соработка со ЕУ и НАТО, како и стратешко партнерство со САД.

Понта и неговите сојузници летоска безуспешно се обидоа да му ја одземат функцијата на претседателот Трајан Басеску. Уставниот суд според Понта треба да му биде подреден на парламентот. Критичарите стравуваат и од намерите на владата да ја ограничи независноста на судството.

Новиот кабинет е за една третина поголем од досегашниот. Многу министерства се поделени, а одделни области ставени паритетно под раководство на луѓе според партиската припадност. Така, за финансиите постои социјалистички министер за буџет и либерален министер за финансии. Граѓанската опозиција поради тао го обвинува Понта за расфрлање со пари и протежирање на партиската елита.