Розмари ди Карло во Скопје
23 април 2007Реклама
САД бараат од власта и опозицијата во Македонија национален консенсензус за довршување на реформските процеси за интеграција во НАТО и Европската Унија. Ваква порака денска во Скопје упати Розмари Де Карло заменик на помошникот државен секретар на САД . Таа на средбите со претседателот Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски уште еднаш ја искажала јасната подршка на САД за евро-атлантска интеграција на Македонија додавајќи дека земјата е на добар пат да добие покана за членство во НАТО . Ди Карло изразила задоволство за кооперативниот однос на Македонија спрема планот на специјалниот пратеник на ОН , Марти Ахтисари за идниот статус на Косово.