1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роденденот на Моцарт

27 јануари 2006

На денешен ден пред цели 250 години во австрискиот град Салцбург беше роден еден од најголемите музички гении на човештвото Волфганг Амадеус Моцарт. По повод округлиот јубилеј целата 2006-та во Австрија и Германија е прогласена за година на Моцарт.

https://p.dw.com/p/AeTf
Портрет на Волфганг Амадеус Моцарт
Портрет на Волфганг Амадеус МоцартФотографија: dpa - Bildfunk

Во подготвка на годината на Моцарт се појавија нови биографии, романи, па дури и крими романи, бројни научни тругови со најнови откритија за бурниот живот на големиот композитор. Она што е неспорно од неговата биографија, тоа е дека малиот Волфганг Амадеус уште од најраното детство покажувал неверојатен музчки талент. Првите обиди да компонира потекнуваат веќе од петтата година од животот. Со седум самиот се научил како се свири на виолина и оргуљи, а со осум веќе компонирал сонати за клавир. Првата опера изглегла од неговото перо со неполни 12 години.

Неговиот татко Леополд, и самиот учител по виолина, рано го открил талентот на својот син Волфганг и ги претставувал него и неговата сестра Ана Марија во земјата и во странство. Во 1766-та така таткото Леополд патувал со двете талентирани деца во Париз, Лондон и Ден Хаг, каде ги покажувале своите музчки знаења на балгородничките дворови и на јавните музички академии.

На домашен терен Моцарт трајно настапувал прво во Виена и во Минхен, а подоцна и во Аугсбург и Франкфурт. Во 1782-та година Моцарт се оженил со Констанце Вебер, со која живеел во Виена. Семејството го издржувал со давање часови по клавир, како и со компонирање по налог. Така за Кралот Јозеф Втори ја создал денес многу славната опера „Венчавката на Фигаро„. Но, тогашната публика немала големо разбирање за комплексната музика на Моцарт и неговата економска ситуација се влошила, иако во 1787. бил именуван за дворски композитор. Во 1791. премиерно била изведена операта „Волшебната флејта„ што е еден од последните големи успеси на овој музички гениј, кој почина веќе во 35-та година од животот, работејќи токму на реквиемот. За толку кусо време зад себе остави преку 600 музички дела, меѓу кои и синфонии, концерти, сонати, опери, како и други дела со световна и религиозна содржина. Речиси сите се сметаат за нераздвоен дел на светското музичко богатство.