1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Рововски битки во Македонија“

НЦЦ/ЗЦ/Жана Ацеска8 март 2013

Благодарејќи на личната интервенција на еврокомесарот Филе во Македонија е решена политичката криза. Но, дека постигнатиот компромис ќе ја смири состојбата на подолг рок, е малку веројатно, пишува „Ное цирхер цајтунг“.

https://p.dw.com/p/17tkG
Фотографија: Petr Stojanovski

Весникот „Ное Цирхер цајтунг“ пишува за актуелната ситуација во Македонија:

„Долго време беше можен впечатокот дека патот на Македонија во ЕУ го попречува пред се‘ Грција, која на тој начин упорно сака да го принуди соседот да го смени името. Меѓутоа, повеќе месеци бранувањата во внатрешните прилики им нудат куп аргументи на противниците на понатамошното ЕУ-проширување. Никој не е посвсен за тоа од еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој подолго време и‘ посветува големо внимание на Македонија. Филе, не без добра причина, се обидува оваа земја да ја доведе повторно на европски курс: ако таа трајно остане надвор од европските рамки, во прашање ќе биде доведена нејзината егзистеница, порано или подоцна. „Македонското прашање“, односно политичкото уредување на ова историски мултиетничко подрачје, од крајот на 19-ти век крие бројни експлозивни потенцијали во регионот.

Отстапки

Кон крајот на минатата недела Филе повторно, како кризен менаџер, престојуваше во Скопје. Социјалдемократскиот сојуз, СДСМ, уште од декември лани ја бојкотираше работата на парламентот. СДСМ исто така најави дека нема да учествува на локалните избори кои ќе се одржат на 24 март, барајќи пред се‘ одржување предвремени парламентарни избори. . Со тоа СДСМ реагираше на спорот во македонскиот парламент кога на 24 декември собраниското обезбедување, под неразјаснети околности и без нивна волја од салата ги изведе пратениците од СДСМ, по што владејачкото мнозинство го усвои буџетот. Штефан Филе во Македонија допатува со известувачот на ЕП за земјата, како и со еден од бившите претседатели на Европскиот парламент. Се чинеше, на прв поглед, дека трудот се исплатеше. СДСМ буквално во последна минута реши да учествува на локалните избори, за што доби гаранција една паритатно составена комисија да ги испита причините за инцидентот до кој дојде во македонскиот парламент. За предвремените избори треба да се преговара напролет. Но, само што Штефан Филе отпатува од Македонија, опозицијата тврдеше дека предвремените избори ќе бидат одржани во септември, а владата соопшти дека тоа не доаѓа во предид.

Спорен министер

Во сето тоа е битен и односот меѓу македонското мнозинско население и големото албанско малцинство (25 проценти). Колку е тој однос и натаму лабилен, најдобро покажуваат реакциите на неодамнешнптп именување на новиот министер за одбрана на Македонија. Имено, албанскиот помал партнер во владата, ДУИ, Демократската унија за интеграција, изрично бараше местото да му припадне на Талат Џафери, бивш командант на УЧК. Во петокот следеа протести на македонските ветерани, кои во 2001 година се бореа против албанските борци од УЧК. Тие наведоа дека е скандалозно македонската војска да ја предводи бивш терорист. Демонстрациите потоа излегоа од контрола. Македонските хулигани нападнаа млади Албанци. Имаше повеќе повредени. Потоа младите Албанци преку Фејсбук и Твитер повикаа на свои протести. Во текот на судирот со полицијата исто така имаше повредени, а беше нанесена и поголема материјална штета. Она што при таа прилика беше забележливо, е што младите не скандираа само пароли за УЧК, туку извикуваа и „Алах Акбар“. Во текот на последните години одделни исламистички движења зедоа одреден замав и во Македонија. Инаку, сите партии во земјата ги осудија судирите. И министерот за надворешниработи на Косово и албанскиот премиер Сали Бреиша протестираа против нападите на граѓаните од албанско потекло во Македонија“, пишува  весникот „„Ное Цирхер цајтунг“.

Presseschau
Фотографија: Fotolia

Долу рампите

За одлуката на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ да се одложи натамошно пдлуката за неограничен влез на граѓаните на Бугарија и на Романија во Шенген просторот, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ под насловот „Долу рампите“ пишува:

„Откако германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих во магазинот ’Шпигел’ гласно најави блокирање на пристапот на двете земји, беше јасно дека неговите колеги од другите земји ќе заклучат’Добро е што затоа барем разговаравме’. Така на граѓаните на Бугарија и на Романија им беше порачано дека прти секое патување и натаму ќе морада ги покажуваат пасошите. Ова не е првпат да сеноси вакваодлука. Претходно против беа Холандија и Финска. Како главна причина се наведува корупцојата во Бугарија и Романија. Министрите за внатрешни работи  од ЕУ најавија за ова да разговараат повторно најдоцна на крајот од оваа година. Но, тешко дека во текот на овој период во овие земји нешто позначајно ќе се промени. Се разбира, постои голема решавачка разлика кога станува збор за одлуката да се разговара дури на крајот на годината, зашто пред тоа се одржуваат парламентарни избори во Германија. Во овој случај не се работи за безбедноста на границите на земјите потписнички на Шенгенскиот договор или за патување без пасош, туку за изборна тема. Германскиот министер за внатрешни работи целиот проблем го претстави така што широката публика всушност Шенген да го поврзе со проблемот на сиромашните доселеници. Но, тоа, со оглед на таквите сиромашни мигранти од југоисточните кризни земји во најмала рака е невкусно. Ханс-Петер Фридрих се противи на тоа, додека германската влада во исто време повикува експерти од тие, значи кризни држави, да дојдат во Германија“, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“ .