1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рио во славеничка треска

3 октомври 2009

31-те Олимписки игри во 2016, во Рио де Жанеиро ќе бидат незаборавни, вети бразилскиот претседател Лула да Силва, откако Генералното собрание на МОК ја објави одлуката за домаќинот на најголемиот светски спортски настан.

https://p.dw.com/p/JwxI
Фотографија: dpa

Копакабана едноставно експлодираше од радост кога претседателот на МОК, Жак Рог, ја објави одлуката. Рие де Жанеиро ги победи градовите-конкуренти Чикаго, Мадрид и Токио. Луѓето танцуваа, викаа, плачеа од радост:

„Премногу се радувам, светот ќе дојде да го види Рио де Жанеиро.“

„Како Рио нема во цел свет.“

Оворени раце за сите што ќе дојдат

Граѓаните, инаку, цел ден чекаа по жештината на улиците на одлуката од Копенхаген. Веројатно никој од другите градови немаше толку трескавично да го слави успехот да стане домаќин на Олимпијадата како Рио:

„Многу сум среќен, ги стегав палците за Рио, зашто за нас е важно овде да се одржи Олимпијада, особено заради туристите. Ќе ги прифатиме луѓето со отворени раце, како што секогаш сме правеле.“

Reaktionen Olympische Spiele 2016 in Rio de Janeiro Flash-Galerie
Експлозија на радост по соопштувањето на одлукатаФотографија: dpa

Јавниот живот во Рио од вчера (02.10.2009) е практично парализиран, реки луѓе вчера се слеваа кон Копакабана, каде останаа цела ноќ. Се славеше и во другите бразилски градови, многумина го делат мислењето на бразилскиот претседател Лула да Силва, кој во Копенхаген изјави: „Ова е ден за славје. Бразил го напушти местото на земја од втора категорија и преминавме во клубот на држави од прва класа.“

„Победа на 190 милиони луѓе“

Голем плус на Рио де Жанеиро за да биде домаќин на Олимпијадата е самиот град: плажи од соништата, спектакуларни атракции, сонце, животна радост, население кое цели денови слави карневал, Нова година и Олимпијада.

Бразилците наздравуваа за својата делегација и претседателот Лула, зашто многумина веруваат дека негова заслуга е што со својот настапот на општо изненадувањет го победи, наизглед надмоќниот, американски претседател Барак Обама и неговиот фаворит, градот Чикаго. Лула во Копенхаген мораше постојано да ги брише солзите: „Ова не е индивидуална победа, туку победа на 190 милиони души, ова е победа на еден континент - Јужна Америка. Со други зборови, победи разумот и страста. Бразил заслужи да ја организира Олимпијадата“, изјави претседателот да Силва.

Автор: Готфрид Штајн / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска