Рингишпил со хомо- браковите
8 февруари 2012Федералниот Апелациски суд на Калифорнија ја прогласи забраната на геј бракови за противуставна, отворајќи го патот за евентуално повлекување на законот, одобрен на референдум од избирачите во оваа држава.
Тричлениот судски совет со два наспроти еден глас утврди дека судот во прва инстанца во 2010-та година правилно го интерпретирал уставот, кога забраната ја прогласил за прекршување на граѓанските права на хомосексуалците.
Забраната беше одобрена на референдум во 2008-ма година со 52 отсто од гласовите на избирачите и така истополовите бракови во Калифорнија беа прогласени за незаконски, само пет месеци откако беа озаконети. Меѓу мај и ноември 2008-ма година во Клаифорнија можноста за склучување истополов брак ја искористија околу 18 илјади хомосексуални парови.
Експертите проценуваат дека случајот со законот за геј браковите на крајот ќе заврши пред Врховниот суд на САД и тој ќе одлучува за сите 50 сојузни држави. Моментно хомосексуалните бракови се дозволени само во шест сојузни држави и во главниот гард Вашингтон.
Автор: Жана Ацеска/АМ/дв/миа
Редактор: Б. Георгиевски