Рикер предупредува од тензии на Косово
1 декември 2007Реклама
Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер предупреди од нови насилства и тензии на Косово како последица на неуспешните преговори за статусот. Безбедносната ситуација е стабилна , но не треба да се потценува опасноста, предупреди Рикер на конференцијата “Сигурност за сите во Косово“ во Виена. И генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер зборуваше за „критична фаза “ и нагласи дека силите на КФОР нема да толерираат никакво насилство. Германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер веќе не очекува договор меѓу Приштина и Белград. Сега треба развојот на настаните по 10 декември да се контролира и да се спречи ескалација, рече Штајнмаер во Берлин. До овој датум посредничката Тројка треба да пронајде решение за косовското прашање.