Рејтинг агенцијата Фич го потврди американскиот бонитет
11 јули 2012Реклама
Агенцијата истовремено напомена дека оценката останува со забелешка за негативни изгледи, што значи се заканува намалување. САД располагаат со стабилна економија, образложи Фич. Но, агенцијата е загрижена поради тоа што американските политичари не можат да се договорат околу стратегија за намалување на дефицитот. САД имаат висок државен долг, кој се зголеми дополнително во изминатата економска криза. Кај водечката рејтинг агенција Стандард и Пурс меѓутоа речиси една година САД имаат само втора по ранг најдобра оценка, АА+. Полоша оценка за кредитоспособноста може да ги зголеми каматите, што одредена земја ги дава за позајмените пари на финансиските пазари.