1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решение или само превентивно апче за смирување?

Коментар на Андреас Бекер7 октомври 2008

Германија дава државна гаранција за приватните штедни влогови. Со тоа се следи примерот на Ирска и Грција и се ставаат под притисок останатите влади во ЕУ. Европејците се во потрага по решение на финансиската криза.

https://p.dw.com/p/FUvK
Франкфуртската берзаФотографија: AP

Не плашете се’ парите ви се безбедни! Ова е пораката од германските политичари до приватните штедачи. Тие од сега ја гарантираат безбедноста на штедните влогови на германските конта. Споеред информацијата од Министерството за финансии државата гарантира „за над 1000 милијарди евра“. Но, ако и покрај ова сега сите потрчаат во банките за да си ги повлечат парите, оваа гаранција нема да вреди ниту еден цент, бидејќи државата нема да може да исплати волку голема сума. Суштината на државната гаранција е повеќе од психолшка природа: покрај сите дебати за димензиите на финансиската криза граѓаните не треба дополнително да се заплашуваат. Со тоа што дава гаранција, државата се надева дека никогаш нема да биде доведена во ситуација да го исполни ветувањето.

Но, проблемот е поинаков: досега во оваа криза ниту една германска банка не западна во потешкотии поради што штедачите си ги повлекоа влоговите. Дури и кај британскиот финансиер на недвижности, Нордерн Рок штедачите навалија во банката, кога таа веќе западна во криза.

За проблемите кај банките има две причини: или имаат премногу финансиски понуди кои се базираат на пропаднатите американски хипотеки и мора да им бидат отпишани. Или не им успеало на пазарот за пари да обезбедат краткорочен капитал за тековните обврски, бидејќи банките во принцип немаат меѓусебна доверба и веќе не си даваат кредити едни на други.

Можно е да се преземат спасувачки пакети по примерот на САД

Државна гаранција за приватни влогови не е решение на ниту еден од овие проблеми. Таа е само превентивно апче за смирување во случај да пропаднат уште финансиски институти.

За справување со суштинските проблеми, сега се зборува за „национални заштитни чадори“. Можно е некои влади да преземат спасувачки пакети по примерот на САД, со кои ќе им ги откупат лошо склучените зделки за кредити на банките. Но, политичарите на самитот во Париз не можеа да се договорат за европски пакет од милијарди евра. Лидерите на европските држави и влади на крајот дури и негираа дека воопшто имале ваква идеја. Ветија и дека во иднина подобро ќе се усогласуваат. Но, секако треба секоја држава да утврди како најдобро може да си ги заштити банките.

Примерот со државна гаранција за приватните штедачи, покажува дека сепак неможе да има национални решенија во оваа финансиска криза.

Реалноста е поинаква

Во петокот германската канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше ирската влада дека дава гаранции за приватните штедни влогови. Само неколку дена подоцна го следеше ирскиот пример. Колку повеќе земји даваат вакви гаранции, толку е поголем притисокот врз останатите влади да го сторат истото. Во спротивно ризикуваат со одлив на капитал, односно граѓаните да ги префрлат своите пари во друга европска земја. Она што остана на крајот како резултат е европско решение на кое се договориле владите по состанокот. Но, дали е тоа така? Формално, финансиската политика во ЕУ се уште е работа на националните држави. Но, реалноста веќе подолго време е поинаква.

Истото важи и за „националните заштитни чадори“ и останатите заштитни мерки. Кога една држава на својата банка во голем стил и ги презема пропаднатите кредити, со тоа може да ги вовлече и останатите земји да го следат нејзиниот потег. Германија како најмоќната национална економија во Европа притоа има посебно значење и треба да биде свесна за својата одговорност.