1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Речиси половина од Македонците имаат Фејсбук-профил

27 септември 2011

Во Македонија интернет користат околу 1.100.000 луѓе или 51 проценти од населението, а 878.300 се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“.

https://p.dw.com/p/12hNl
Фотографија: DW/dpa

Податоците на специјализираниот статистички веб-сајт „Интернет ворлд стат“ покажуваат дека од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат Словенците (64,9%) и Србите (56,2%), а помалку граѓаните на Хрватска (50,1%), Бугарија (47,9%), Грција (46,2%), Црна Гора (45,9%), Албанија (43,4%), БиХ (31,2%) и Косово (20,7%)..

Во Европа интернет користат 476 милиони луѓе, а „Фејсбук“ 209 милиони. Глобалната онлајн мрежа најмногу ја користат жителите на Исланд, Монако и Норвешка - околу 97 отсто.

Според „Интернет ворлд стат“, во светот има 2,1 милијарди интернет корисници или 30,2 проценти од вкупната светска популација.

Автор: ЖА/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска