1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформи во македонското судство

Александар Чомовски13 ноември 2006

Во македонското судство се спроведуваат реформи кои треба да почнат да ги суспендираат оценките и барањата на ЕУ.

https://p.dw.com/p/Adb7
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Над 600 арбитри неделава, со тајно гласање ќе ги избират своите шестмина претставници во новиот државен судски совет. До крајот на годината тој ќе се конституира и со претставници на претседателот на државата, со министерот за правда и претседателот на врховниот суд. Паралелно со оваа кадровска обнова, новата судска академија ќе ги доедуцира делителите на правдата како ефикасно непристрасно и без влијание на политчко бизнис елитите во Македонија да ги решаваат долгите и спорни кривични предмети.

Овие два зафата и генералното кадровско проветрување во македонското судство нема веднаш да ги суспендира оценките и барањата од ЕУ.

Без реформирано судство граѓаните и фирмите немаат доверба во судиите. „Досега резултатите очигледно не се во позитивен правец. Според сите извештаи што ги добиваме од ЕУ, верувајте дека нема да бидеме подготвени ниту да ги отвориме преговорите ниту да одговориме на сето она што понатму ќе следува.“ вели Габриела Коневска Трајковска вице премиерка за евроинтеграции.

Над 50тина проценти од архивираните предмети не се решени во судските постапки. Долго, од три до пет години траат и пороцесите за криминал и финансиски малверзации во македонските судови. Некои од нив и директно се посочувани како иницијатори на криминалната приватизација но и пропаста на голем број компании.

Неодамна во Штип, министерот за правда Михајло Маневски не ги амнестира од одговорност и дел од штипските судии, градот во кој за последнава декада, поропаднаа пет големи текстилни компании, а се води спор и за проневера на 20 до 30 милиони евра на Методи Смиленски, македонски бизнисмен со австриско државјанство. И претседателот на Врховниот суд со самокритика но и бара алиби дека во правосудниот систем има и недонесени решенија кои влијаат врз ефикасноста на судството „Колку и да се површни, идентификуваат поголем број на слабости на системот што се однесуваат на бавноста на постапките и недостижноста на правдата.“ кажа Дане Илиев претседател на Врховниот суд.

Новиот државен судски совет ќе има огромна одговорност да ги провери и анализира, стручноста и ефикасноста но и длабочината на корупцијата на дел од 600тините судии во Македонија.