1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформа на правописот, да или не?

7 август 2004

Германија во летната пауза – во жестока дускусија околу реформата на правописот. Откако големите издавачки претпријатија како Шпрингер и Шпигел најавија враќање кон стариот правопис, во земјата се разви лута дебата за смислата на новиот правопис, реформата и живоста и развојот на јазикот.

https://p.dw.com/p/AeVQ
„Шпигел„ врти назад!
„Шпигел„ врти назад!Фотографија: AP

Угледниот "Шпигел" најави дека се враќа кон стариот правопис и тоа го брани со фактот дека граѓаните сеуште во многу мала мерка го прифаќаат новиот начин на пишување. ”Кога и министерската конференција во културата донесе одлука од следната година новиот правопис да стане обврска, сметавме дека мора да направиме нешто за да ставиме граница на оваа од страна на државата наложена глупост”, изјави денеска главниот уредник на Шпигел, Штефан Ауст. Тој признава дека решението за враќање кон стариот правопис требало да биде донесено порано, како што тоа го стори одамна, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. Заедно со Шпигел, вчера и издавачката куќа Аксел Шпрингер најави дека во сите свои публикации, најбргу што е можно ќе се врати на старите правописни правила.

Претседателката на министерската конференција, Дорис Анен, од владеачките социјалдемократи, нема разбирање за потегот на Шпигел и Шпрингер. Таа за првата германска телевизија, на прашањето дали реформата на правописот е мртва, одговори:

”Не, и за ваквиот чекор немам разбирање, зашто се работеше и се работи за тоа јазикот да стане поподатлив за учење. Тоа е лигитмен интерес на учениците. Но, туак се и нашите инетреси да имаме единствени јазични правила на ниво на целиот простор каде што се говори германски. Ние во моментов водиме само една внатрешно-германска дебата, иако се вклучени и странски партнери. Ние организиравме за ова прашање широк процес, во кој учествуваа и весниците и издавачите и многу ме чуди ваквата мерка.”

На страната на Анен се и водечки политичари од источна Германија. Премиерот на Тирингија, Дитер Алтхаус, изјави дека е против реформа на реформата. Министерот за образование на Бранденбург, Штефен Рајхе, пак, вели дека враќањето кон старо, би донесло и финансиски проблеми, зашто во меѓувреме голем број учебници и книги се испечатени според новите правописни правила. Освен тоа, реформата на правописот им ја олеснува работата на учениците, кои учат според поедноставени правила на пишување.

Во Швајцарија, која заедно со Австрија, исто така учествува во реформираниот правопис, политичарите кои се занимаваат со образование е категорично против враќање кон стариот правопис. Тоа би ги довело училиштата во хаос, вели претседавачот на кантоналните директори за образование, Улрих Штеклинг.

Премиерот на Баварија, Едмунд Штојбер, кој во моментов претседава со конференцијата на покраинските премиери, бара преиспитување на реформата. Несигурноста околу правилата на пишување станува се повидлива, вели тој. Сенаторот за култура на Берлин, Томас Флирл, нагласи дека ако повеќе весници и издавачи најавуваат враќање кон стариот правопис, тогаш со прашањето мора повторно да се позанимава и министерската конференција. Тој е за претпазлива ревизија на реформата на правописот, за да се поправат нејзините најгрди грешки. ”Главно сега е избегнување на ситничарството. Се мора да се договори и со Австрија и Швајцарија”, вели Флирл.