1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформата на ФИФА-пропадна

Флоријан Бауер/ Симе Недевски29 мај 2013

Неделава на својот годишен конгрес во Маурициус, ФИФА ќе го заврши самопрогласениот процес на коренити реформи. По корупциските скандали тој беше итно неопходен, но реформите се очигледно само ситни козметички зафати.

https://p.dw.com/p/18g34
Фотографија: dapd

ФИФА на чело со својот вечен претседател Сеп Блатер поради бројните корупциски афери и обвинувања за матно работење на највисоко ниво сакаше да спроведе „реформи во семејството“. За таа цел пред една година го ангажираше екстерното советодавно тело- ИГЦ. Неделава предложените реформи треба да бидат одобрени за реформскиот процес да биде завршен. Се поставува само прашањето: кои реформи?

„ФИФА ги игнорираше нашите предлози“, вели Александра Враге, претседателка на организацијата за борба против корупција Трејс Интернешнал. Таа долго седеше во незвисниот одбор на ИГЦ од кој ФИФА и побара реформски предлози. „Тоа беше навистина фрустрирачки процес, бидејќи Светскиот фудбалски сојуз упорно ги одбиваше нашите предлози за сузбивање на корупцијата.“ Без разлика дали станува збор за екстерни, независни членови кои би седеле во најмоќниот гремиум на ФИФА- Извршниот одбор, или за екстерни контроли на претставниците на ФИФА или за воведување обврски за објавување на сите бонуси и плати. Се' е одбиено. Исто како и предлогот временски да се ограничат мандатите на претставниците на ФИФА. Поради тоа Александра Враге демонстративно го напуштила ИГЦ. Сега вели: „ФИФА не разбира колкава е навистина штетата од нарушениот углед кој сака да го поправи.“

Реформски процес- без правни реформи

Изгледа дека станува збор за гласно најавуван реформски процес- без вистински реформи. И со советници чии совети не ги слушаат. „И на други големи компании во светски рамки им требаше време да го спроведат она што сега го спроведува ФИФА“, укажува пак Ханс-Јоахим Екерт. Овој угледен минхенски судија ги водеше процесите во големите корпорациски афери како оној во кој беше вмешан германскиот концерн „Сименс“. Сега неговото мислење се бара и во Светскиот фудбалски сојуз. И тоа е единствениот поголем реформски чекор кој ФИФА досега навистина го спроведе- поделба на нејзината Етичка комисија на два дела: со еден екстерен обвинител од САД и еден екстерен судија, Екерт. Тој вели: „Јас морам сосема искрено да кажам дека не влегов во ова со јасна намера некому да удирам клоци. Ако најдам нешто, добро, ако не, тогаш ништо не сум нашол.“

Блатер се однесувал само „несмасно“

Но работите изгледаа поинаку кај неговата, досега најважна одлука пред 4 недели. Станува збор за долго очекуваниот завршен извештај за корупцијата поврзана со маркетинг фирмата „ИСЛ“. И порано се знаеше дека функционерите на ФИФА добиваат поткуп. Но во извештајот на Екерт единствено и конкретно се наведува: Иса Хајату, член на Извршниот одбор на ФИФА и претседател на Африканската фудбалска конфедерација. Има докази дека и тој добивал пари од „ИСЛ“. А за самиот претседател, Сеп Блатер, Екерт пишува дека се однесувал само „несмасно“ иако знаел дека постои поткупување.
Екерт поради таа оценка доби бројни критики. Му се префрла дека со својот извештај издал „бланко-чек“ за Блатер и компанија. Тој, пак, одговара дека не знае на која основа би можела да се отвори истражна постапка против „големиот бос“ на ФИФА.

Тоа, Давид Ларкин, основачот на иницијативата ChangeFIFA која се бори за расветлување на матните бизниси во ФИФА, го смета за „апсурд“. „Апсурдно е“, вели, „поранешниот претседателски кандидат Бин Хамам дополнително да се осуди поради конфликт на интереси, а истовремено да се тврди дека тоа не е случај и кај Сеп Блатер. Тоа е лицемерие.“ Реформа од корен во која не е вклучена и реформа на самиот врв, во која не се слушаат ангажираните советници, во која поради корупција отпуштените функционери и понатаму примаат огромни пензии... Ларкин заклучува: „Т.н. реформа на ФИФА е само фарса.“

Der amtierende FIFA-Präsident Sepp Blatter (l) aus der Schweiz begrüßt am 25.04.2002 den
Претседателот на ФИФА Сеп Блатер и обвинетиот за примање поткуп Иса Хајату, член на Извршниот одбор на ФИФА и претседател на Африканската фудбалска конфедерацијаФотографија: picture-alliance/dpa
FIFA-Logo

И со 80 години на чело на ФИФА?

Самиот Блатер тие критики ги одбива како неосновани. Исто така и критиките на Транспаренси интернешнал: „Јас сметам дека секоја критика е добронамерна ако има основа. Разбирам дека Транспаренси сака повеќе. Тие имаат свои гледања на тоа како би требало да изгледа реформскиот процес и јас тоа го прифаќам. Но, независно од тоа верувам во нашиот процес.“ Блатер тврди оти е постигнато многу и дека Светскиот фудбалски сојуз е на вистински пат. Како доказ за тоа го наведува и фактот дека многу функционери го напуштиле Извршниот одбор на ФИФА- некои по своја, а некои против своја волја. Се спротивставува, меѓутоа, на предлогот за старосно ограничување на мандатите во ФИФА. „Секогаш велев оти старосната граница не е релевантен критериум, бидејќи немаат сите еднакви способности со 60, 70, 80 години. Тоа ограничување дури би можело да се разбере како дискриминирачко. Важна е страста со која се извршува некоја функција, а не годините.“ Од друга страна пак, го поддржува предлогот за ограничување на бројот на мандати. 77-годишниот Швајцарец, меѓутоа, и по истекувањето на својот четврти мандат на место претседател на ФИФА во 2015 година размислува повторно да се кандидира.

Joseph Sepp Blatter
Сеп Блатер сака да владее со светскиот фудбал и по 2015Фотографија: picture alliance/Sven Simon