1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Религиозен настан со повеќе сигнали

22 август 2005

Коментар на Карола Хосфелд

https://p.dw.com/p/AcD8
Постави верски и политички сигнали:Бенедикт 16
Постави верски и политички сигнали:Бенедикт 16Фотографија: AP

Светскиот ден на младите беше најголемата религиозна манифестација што кога и да е е одржана во Германија. Фестивал на среќавања, преку сите мисловни и национални граници. 400 илјади учесници славеа на опуштените средби и на богослужбите. Дискутираа за правдата во светот и за визиите за мирна иднина. Меѓутоа, пред се го славеа своето верување. Со верски песни и слава за Папата. Тој е нивната ѕвезда.

Во Келн се повтори еден феномен кој ги остави медиумите без зборови уште при промената на понтификатсвото во април: одушевеноста на младите за една стара црква чие учење не го преземеат без критика. И одушевување за новиот Папа кој со 78 години е постар за две до три генерации. Католичката мамутска средба беше радосен семеен празник со бомбастични поворки, еден совршено инсцениран религиозен настан.

Повеќе од 800 илјади млади заедно со Папата Бендеикт 16-ти одржаа впечатливо ноќно бдеење на Мариенфелд. На завршната миса се собраа околу милион учесници од 197 држави. Број на кој не сметаа ниту организаторите.

Поканата за светскиот ден на младите ја упати починатиот Папа Јован Павле Втори. Харизматичниот Полјак на петровата столица до последниот момент одржуваше посебен однос кон младите. Затоа се возбуда се очекуавше како ќе се однесува со младите и со јавноста скромниот, скоро срамежлив интелектуалец Бенедикт 16-ти на првото патување во странство. Неговиот настап го одбележа скромно однесување. Делуваше опуштено и спокојно. Гестови на почит ги одбележаа и неговите средби со политичките водачи и со претставниците на другите христијански цркви. Германскиот Папа посети Синагога во земја која во минатиот век на Еврејството му нанесе бескрјано страдање. Со то Бенедикт 16-ти постави јасен сигнал за помирување меѓу Евреите и Христијаните во 21 век.

И неговиот прием на претставници на муслиманските организации, во светлината на фундаменталистичкиот тероризам, имаше повеќе од само симболично значење. На тој начин новиот Папа јасно стави на знаење дека Ватикан во односот кон Исламот во никој случај не ги презема тезите за „Војна на културите„, туку ги цени теократите според поединечните дела. Големите религии: Еврејството, Христијанството и Исламот, гласи пораката, мораат меѓусебе да разговараат за светот да биде помирен.

Бенедикт 16-ти на 20-сеттиот Светски ден на младите во Келн постави политички и пасторални сигнали. Црквата живее и црквата е млада, апелираше кон младите од целиот свет. За секуларизираниот Запад оваа порака сепак останува само пуста желба. Тука црквата одамна не е место на кое младите бараат одговори. Во тоа малку ќе промени и овој Светски ден на младите.

Карола Хосфелд