Рекордна цена на нафтата
21 ноември 2007Реклама
Цената на нафтата на азиските берзи денеска достигна цена од рекордни 99,20 долари за барел. Најновиот раст на цената на нафтата предизвика паника кај брокерите, бидејќи таа се доближи до психолошката граница од 100 долари за барел. Експертите сметаат дека причина за ова е нискиот курс на доларот и почетокот на зимската грејна сезона.