Рекордна невработеност во Грција
9 август 2012Невработеноста во Грција продолжува да расте. Во мај квотата на невработеност изнесуваше 23,1 процент, што е нов рекорд. Без работа во мај биле вкупно 1,15 милиони Грци во однос на 1,1 милион регистрирани во април, кога стапката на невработеност изнесуваше 22,6 отсто.
Пред една година, според податоците на грчкиот Завод за статистика, невработеноста во земјата изнесуваше 16,8 процнети. За споредба, во мај 2009 година, неколку месеци пред разгорувањето на кризата, стапката на невработеност во Грција изнесуваше само 9,1 отсто.
Грција избегна банкрот само благодарение на помошта на меѓународните кредитори, кои за возврат и наметнаа на Грција остри мерки на штедење, што подразбира ограничување на вработеноста во јавната администрација.
Новата грчка влада во меѓувреме, според наводи од владини кругови има намера да скрати 40.000 работни места во јавниот сектор. Исто така се најавува отпуштање на десетици илјади работници со времени договори. „Со овие мерки нема да има драстични и брзи штедења, но ќе се зајакне довербата во сите напори за реформи“, изјави претставник на владата.
Претходната влада на социјалистите планираше постепено отпуштање од 30.000 до 700.000 државни службеници.
Грција полага на тоа, дека меѓународните донатори ќе и стават на располагање итно неоходна нова помош.