Рекордна инфлација во Германија
16 октомври 2007Реклама
Животните трошоци во Германија во септември достигнаа рекордно високо ниво во последните две години. Цените во просек се зголемени за 2,4% од нивото во истиот месец лани, соопшти сојузниот Завод за статистика. Споредено со цените од минатиот септември бензинот, дизелот и маслото за греење годинава пораснаа за 8,9%, а слична е и стапката на пораст на цените на струјата.