Регионален економски форум во Дубровник
22 ноември 2007Реклама
Претседателите на пет балкански држави и бизнис претставници од регионот денеска на Регионалниот економски форум во Дубровник ќе разговараат за економското поврзување на регионот. Главни теми на средбата се развојот и поврзувањето на сообраќајната инфраструктура, енергетските и финансиските пазари и телекомуникациите. Покрај претседателот Бранко Црвенковски на форумот под мотото „Конкуренти и партнери на патот кон ЕУ“. ќе бидат присутни и претседателите Хрватска,Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.