Ревидирана прогнозата на НБМ за економскиот раст во Македонија
1 август 2012Народната банка на Македонија (НБМ) денеска (01.08.2012) изврши најнова ревизија на очекувањата за растот на македонската економија на еден насто, наспроти априлската проекција кога предвидуваше дека растот ќе изнесува 2 проценти.
Надолната проекција се должи на повторното зголемување на ризиците на
финансиските пазари и проблемите со должничката криза во еврозоната.
Економските изгледи за глобалната економија повторно се влошени, а повторно
влошување, исто така, има и кај прогнозите за економските остварувања кај
најважните трговски партнери на Македонија, се вели во извештајот
на НБМ, при што се додава дека е можно намалување на странската побарувачка за македонските производи.
Народната банка на Македонија очекува во 2013. година да дојде до постепено
закрепнување и предвидува раст на македонската економија од 3 насто, што е
сепак помалку од проекцијата во април годинава кога НБМ за следната година
предвидуваше раст од колку 3,7 %.
Растот во наредната година се очекува да биде поддржан од подобриот амбиент,
структурните промени и инвестициите на државата. Најголемо влијание врз движењата во економијата, според оценката на НБРМ, има ограничената надворешна побарувачка за македонските производи.