1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реално е само она што го прикажува УЕФА?!

Јоша Вебер / Елизабета Милошевска Фиданоска21 јуни 2012

Убавите слики доминираат на ова европско фудбалско првенство. Во спортски поглед пак, досега не е понудено ништо посебно.

https://p.dw.com/p/15Iw0
Фотографија: Reuters

Слики кои не смеат да недостигаат во ниту еден преглед, слики какви што сака УЕФА: спектакуларниот гол на Ибрахимовиќ, бескрајните песни на Ирците, гушкањето на хрватскиот селекторот Билиќ со навивач, фановите кои опуштено танцуваат на пороен дожд или бакнежите на Шакира од трибината во насока на нејзиното момче Пике.

Расизам, улични тепачки - и тоа е ЕП

Ваквите слики кажуваат повеќе од илјада зборови. Тие се моќни и ни ја пренесуваат пораката на ведрите натпревари на УЕФА. Се‘ на се‘ ова е ведро Европско фудбалско првенство. Но реалноста е како честопати - компликувана. Зашто дел од ЕП 2012 се и вакви слики: отворен расизам против играчи со темна боја на кожата, омраза и улични тепачки меѓу полските и руските фанови и возбудени демонстранти кои бараат почитување на човековите права во Украина. Дека УЕФА малку им се радува на ваквите „оштетувачки“ слики на нејзиното ЕП е јасно. Но тоа што сликите кои кружат во светот таа делумно ги цензурира е - скандалозно! Една забавна сцена со Лев и момче на работ на игралиштето што се случила пред почетокот на натпреварот се прикажува за време на играта, а не се прикажуваат плакати со критичка содржина. Реално е само она што УЕФА ќе го прикаже на ТВ екраните.

UEFA EURO 2012 Tschechien vs Polen
Убавите слики напред...Фотографија: Getty Images

За жал многу реално е и раното испаѓање на двете земји домаќини. Полска и Украина стартуваа со голема еуфорија, па сега испаѓањето малку ќе го засени доброто расположение на стадионите. Двете екипи не успеаја, зашто и покрај сиот индивидуален квалитет, отелотворен во играчи како Левандовски и Шевченко, недостига екипен концепт. Слична констатација може да се извлече и за неверојатно многу разочарувачките Холанѓани. Првично многу фалени, за потоа да доживеат „тврдо приземјување“, се тајните фаворити Франција и Русија. Додека „триколорите“ со многу среќа уаспеаја да стигнат во четвртфиналето, високо ценетите Руси не успеаја поради својата тенденција да ја имаат топката кај себе и правилата на УЕФА.

Правила кои ретко кој ги разбира

Тоа што тие и покрај подобрата гол разлика во однос на Грција не одат натаму се должи на логиката на 72-страници дебелиот акт со правила, кои ретко кој ги разбира. Исто толку неразбирлива за набљудувачите е досегашната сиромашност на турнирот со играчки сјај и креативни елементи. Се чини поради тактичките игри не можат да дишат слободно ниту најсилните екипи. Сепак, светскиот првак Шпанија и трајниот ривал Германија, и по првиот дел од ЕП, а врз основа на прикажаната игра, остануваат апсолутни топ-фаворити. Меѓу нив и конкуренцијата има цел јаз. Најблиску е Италија, која и покрај поврзаноста на некои играчи со скандалот со обложување, на ова првенство и натаму игра важна улога. Англичаните, Французите и Португалците имаат голем потенцијал, но досега не го покажаа. И ако и натаму „големите фудбалски сили“ докрај не ги искористат своите потенцијали , ќе се радуваат двајцата аутсајдери во четвртфиналето - Чешка и Грција. Не би било првпат да ги налутат фаворитите.

Euro 2012 russische Fans
...неубавите стој!Фотографија: picture-alliance/dpa