1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реалност или ширење страв

3 август 2005

Американското министерство за внатрешни работи е огромна зграда со околу 170 илјади вработени и со широки овластувања: заштита на границите, на бреговите и царината, подеднакво како и чувањето и вреднувањето на тајните податоци. Таквата организација е последица од настаните на 11 септември 2001 за да може да се штитат граѓаните од слични терористички напади. Меѓутоа, зачестија критиките врз оваа мамутска инс

https://p.dw.com/p/AcDa

�итуција, пред се по нападите во Лондон:

Теророт може да се крие насекаде. И тоа уште за време на доручекот. Млекото може да биде затруено со бактери или вируси. Научниците од универзитетот Станфорд пред еден месец развија соодветно сценарио. Во нивната студија тие укажуваат колку им е лесно на терористите да извршат напад врз млекарниците во земјата. Американската влада ја оцени студијата како опасна, бидејќи нејзиното објавување може да претставува еден вид план за терористите. И покрај протестите од Вашингтон, во медиумите се јавуваат се повеќе експерти. Заштитата според нив е во опасност повеќе од кога и да е. Неделава се јавија научниците од универзитетот Колумбија. И тие предизвикаа аларам. САД не се подготвени за напади со болести, вели Ирвин Редленер:

„Иако трошиме милијарди имаме систем на случајности, во целосен хаос кој воопшто не е во состојба да спречи тероризам во државата„.

Експерот за тероризам Кен Робинсон подеднакво високо ја проценува опасноста од напад со биолошко оружје. И според него мерките за заштита не се доволни:

„Може да потрае три до четири дена додека забележиме дека има напад. Потребно е и време додека се поделат лекови за да се спасат животи додека воопшто сфатиме дека станува збор за напад„.

Неподготвени – тоа е постојаната порака. Критиката е упатена пред се до министерсвото за внатрешни работи. Тоа поставува погрешни приоритети, вели Кларк Кент Ирвин, исто така експерт за тероризам:

„На сојузно ниво трошиме околу 20 милијради долари за да го обезбедиме воздушниот сообраќај, а само 250 милиони за јавниот градски сообраќај, иако луѓето користат за 16 пати повеќе автобуси и возови отколку авиони. Потребни ни се повеќе полицајци, повеќе кучиња трагачи и камери. Со такви мерки можат да се спречат напади. Тие можат да ги запрат терористите и тоа е она што ни треба„, вели Ирвин.

Министервото ги отфрла ваквите обвинувања. Направено се што е можно, а каде што има дупки, ќе бидат закрпени. Ова експертите го оспоруваат. И покрај сета опременост, велат, САД се и натаму многу ранлива цел за терористите.