Реални плати
11 април 2006Платите растат, но само бруто, и тие растат побавно од каде и да е на друго место. Тарифните плати, минатата година според Сојузниот завод за статистика, пораснале за 1,2%. Стапката на инфлација,пак, изнесувала 2%. Значи, номиналното зголемување на платите не можело да ја израмни разликата. Што се однесува до куповната моќ на луѓето – платите се намалиле.
Просечната бруто плата постојано се намалува во периодот од 1998 до 2004 година. Ако во 1998-ма таа изнесувала просечно, бруто, 2 459 евра, пред две години износот бил 2 448 евра, или 0,4% помалку. Истовремено, се зголемувале примањата на луѓето кои седат во управните одбори.
На работниците помалку, на членовите на управните одбори повеќе – причина, претседателот на синдикатот на металците, Јирген Петерс, да побара повисоки плати за 5%. Образложението гласи:
“Глобализацијата за претприемачите значи менаџерските плати да се ориентираат кон САД, а работничките плати кон Кина. На тоа конечно мора да му се стави крај.“
Статистиката покажува и дека добивките на претпријатијата растат побрзо од платите. Тие минатата година биле за 45% повисоки. Кај малите и средни претпријатија нема добивки, но затоа во позитивна насока се менува вкупната слика. Добивките, инаку, се зголемуваат не само поради умереното зголемување на платите, туку и поради опстојувањето на подобрената продуктивност – било да е тоа овозможено со повеќе инвестиции, со повеќе работа без притоа да се зголемат платите или со комбинација на двете.