Реакции на заканите на Северна Кореа
4 октомври 2006САД, Франција и Јапонија бараат одговор од страна на ОН, додека Пекинг смета дека за прашањето треба да расправаат страните во шестпартитните преговори. Министерството за надворешни работи на Кина соопшти оти се надева дека Северна Кореа ќе покаже смиреност и соодветна воздржаност по прашањето за нуклеарно тестирање. Властите во Јужна Кореа изјавија дека нема да толерираат каков било нуклеарен тест и го повикаа Пјонгјанг итно да се врати на преговорите за разоружување. Американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон побара интервеницја на Советот за безбедност
„Она што повикав денеска е тоа дека Советот за безбедност, кој е вклучен во нешто за што многу дискутираме, но не прави многу, што е превентивна дипломатија, не само да се излезе со реакција на овјавата на Северна Кореа, туку да се развие една стратегија за превенција, да се убедат дека не е во нивен интерес да учествуваат во нуклеарно тестирање„ рече Болтон
Инаку властите во Пјонгјаг планот за нуклеарен тест го објавија преку државните медиуми, но не прецизираа точно кога и каде тој ќе биде спроведен.