1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на воената операција на турската армија во Северен Ирак

Зина Ралф23 февруари 2008

Турските војници и денеска напаѓаат позиции на забранетата Работничка партија на Курдистан на северот на Ирак. Во офанзивата што почна во четвртокот до сега се убиени 44-ица борци на ПКК, соопшти Генералштабот во Анкара.

https://p.dw.com/p/DCFp
Копнените сили на турската армија имаат голема поддршка од военото воздухопловство при операцијатаФотографија: picture-alliance/ dpa


Во меѓувреме автономната власт во Северен Ирак, каде мнозинското население го сочинуваат Курди, ги обвини САД дека се одговорни за офанзивата на турската армија. Без согласност на Вашингтон Турција не би го нарушила територијалниот суверенитет на Ирак, изјави портпарол на автономната власт за Северен Ирак, која во голема мера зависи од поддршката на Американците.


Поддршка и предупредување од Вашингтон


Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс претходно и‘ даде поддршка на акцијата на турската армија, нагласувајќи дека:

 

„ПКК е заеднички непријател на Турција и на САД.„


Истовремено Рајс побара од официјална Анкара да се однесува умерено и со операцијата да не доведе до дестабилизација на политичката ситуација во Ирак.



„Треба да се откаже од се‘ што би можело да ја загрози ситуацијата во Ирак, која е кршлива, но сепак е на пат да се подобри.„


Рајс ја смета операцијата на турската армија за ризична, затоа:


„Најновата операција треба да биде што е можно покуса.„


Рајс предупреди од опасноста копнената офанзива на турската армија да го дестабилизира целиот регион. Според нејзината проценка ризикот од операцијата е поголем од реалната полза. За проблемите што Турција ги има со Работничката партија на Курдистан е далеку подобра соработката меѓу владите во Анкара и Багдад, оцени шефицата на американскиот Стејт департмент. Таа сепак не кажа какви конкретни мерки има намера да преземе официјален Вашингтон за да влијае врз Курдите на Северен Ирак да ги ограничат можностите за дејствување на забранетата ПКК.