Рајс и Милошоски за обврските на Македонија кон НАТО
10 јули 2007Реклама
Обврските кои треба да ги заврши Македонија за да добие покана за членство во НАТО се меѓу главните точки на денешниот состанок меѓу македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски и шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс. Милошоски по синоќешниот прием во Белата Куќа, денеска треба да има средби и со конгресмени и сенатори. Во тридневната посета на САД министерот ќе има средби и со македонската дијаспора во земјата.