1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс и Гејтс во Шарм Ел Шеик

31 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BNmB

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и министерот за одбрана Роберт Гејтс допатуваа во Шарм Ел Шеик на разговори со министрите од советот на земјите од заливот. Рајс ги потврди плановите на Вашингтон за воена помош за арапските сојузници и Израел, пред се заради растечкото влијание на Иран, но и заканите од Ал Каеда, Хезболах и Сирија. Во наредните десет години Египет и Израел ќе добијат модерно оружје во вредност од 13, односно 30 милијарди долари Двајцата министри попладне заминуваат за Саудиска Арабија каде ќе побараат поддршка од кралот Абдула за ситуацијата во Ирак.