1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајков: Бугарија најболно реагира на се’ што може да ја оддалечи Македонија од ЕУ

АМ/макфакс13 март 2013

Преодната бугарска влада ќе ги продолжи разговорите со Македонија по однос на договорот за добрососедство, изјави новиот бугарски премиер Марин Рајков денеска во Софија.

https://p.dw.com/p/17w9L
Фотографија: BGNES

Рајков вели дека европската перспектива на Македонија нема алтернатива и земјата ја има бугарската поддршка.

„Ние сме земја која прва ја призна независноста на оваа поранешна југословенска република, ние сме земјата која секогаш најболно реагирала на секоја општествена појава во оваа наша најблиска земја - секоја појава што може да ја оддалечи од брзото пристапување кон Европската унија", рече Рајков, како што јави „Фокус“.

„Едно е сигурно - дека нашата приврзаност кон европската перспектива на Република Македонија не е доволна. Добро би било - таа самата да е приврзана кон оваа перспектива", рече тој.

Рајков изјави дека ќе продолжат преговорите за договорот за добрососедство со Македонија.

„За нас е важно она што е договорено, парафирано и потпишано, навистина да е така", рече тој и додаде: „Она што нe‘ обединуваше во минатото, не може да нe‘ разединува во сегашноста. Тоа не е нормално. Ние сакаме да имаме заедничка европска иднина".

„Она што го сакаме за својот народ, го сакаме и за народот на Република Македонија. Поради многу причини, но вклучувајќи и поради специфичните причини, што ги знае апсолутно секој Бугарин, што израснал во семејство кое знае каков е нашиот идентитет", изјави Рајков.