1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рација во над 40 фудбалски клубови во Италија

ЕМФ/дпа/миа25 јуни 2013

Италијанската финансиска полиција денеска (25.06) изврши претрес на канцелариите и објектите на 41 фудбалски клуб поради сомневање за перење пари и затајување данок.

https://p.dw.com/p/18vUo
Фотографија: roxcon/Fotolia

Меѓу клубовите во кои е извршен претрес се и 18 тимови од Серијата А. Истражните органи се сомневаат дека се затајувал данок и се переле пари при купување и продажба на играчи, јавија итлаијанските медиуми, повикувајќи се на извори во истрагата. Акцијата е по наредба на обвинителот од Неапол. Извори во обвинителството тврдат дека голем број играчи добиваат пари на рака и на тој начин избегнуваат плаќање давачки кон државата.

Меѓу 18-те екипи од Серија А во кои е извршен претрес, се и великаните Јувентус, Милан и Лацио. Во фокусот на истрагата, како што јави новинската агенција Анса, се наоѓаат 12 советници на играчите. Истрагата трае веќе една година. Рацијата на италијанската полиција се спроведува во период кога репрезентацијата на Италија се наоѓа во Бразил на Купот на конфедерации и треба да игра полуфинале со Шпанија.