Рафајловска останува министерка за економија
5 декември 2007Реклама
Собранието на Македонија со мнозинство гласови синоќа не ја прифати интерпелацијата што опозицијата ја поднесе за министерката за економија Вера Рафајловска од редовите на НСДП. За интерпелацијата поднесена од СДСМ гласаа 26 пратеници, а против се изјаснија 41. На гласањето му предходеше дебата околу работата на министерката Рафајловска како и за нејзината улога во поништениот тендер за продажба на ТЕЦ Неготино.