Расчистен патот за нова помош за Грција
26 јули 2013Парламентот во Атина по забрзана постапка ги усвои законските одредби за кратење на работните места во јавниот сектор. Со тоа се исполнети сите предуслови на партнерите во еврозоната и на Меѓународниот монетарен фонд за наредната кредитна транша од 2,5 милијарди евра за помош на кризна Грција. Неопходниот закон како и новите правила за зголемување на донаците беа усвоени со гласовите на пратениците од конзервативната Нова Демократија и социјалистичката ПАСОК.
Намалувањето на бројот на вработените во јавниот сектор започна уште во минатата недела со отпуштањето од работа на илјадници државни службеници.
Еврогрупата во средата најави дека во случај на успешно гласање во парламентот, планираната помош од 2,5 милијарди евра ќе и биде уплатена на Грција во наредната недела . ММФ и Еврогрупата на почетокот на јули и ветија исплата на кредитна помош од 6,8 милијарди до есен, и сега од неа треба да биде доделена првата транша.
Тројката меѓународни кредитори ќе се врати во Атина во текот на есента, за да утврди дали на владата треба да и наметне други мерки за штедење, за да ги исполни буџетските цели за 2015-2016 година. Премиерот Андонис Самарас и неговиот единствен останат коалициски партнер, Евангелос Венизелос од ПАСОК, ја искључија можноста од ново затегнување на ремените - позиција што го крие потенцијалот за судир со кредиторите